„Внимателни сме, но не се плашиме“

Курти: Можен е нов конфликт

Косово е спремно да се спротивстави на можен напад од Србија бидејќи влошувањето на конфликтот со малцинските Срби би можел да доведе до нов оружне конфликт, кажа премиерот Аљбин Курти за Ројтерс.

EPA-EFE

Британската агенција потсетува дека тензиите меѓу Србија и Косово повторно се разгореа месецов кога Приштина соопшти дека ќе ги обврзе Србите, кои живеат на северот, да почнат да користат регистарски таблички издадени во Приштина. Ситуацијата се смири откако Курти, по притисок на САД и Европската Унија, се согласи да го одложи правилото за табличките до 1 септември, а мировните сили на НАТО да го надгледуваат отстранувањето на барикадите кои ги поставија Србите.

„Не треба да се исклучи можноста оваа агресивна политика на Белград да се претвори во напад на Косово на овој или оној начин“, кажа Курти за Ројтерс. „Внимателни сме, но не се плашиме“.

„Не велам дека ќе нè нападнат оваа или следнава недела, но би било целосно неодговорно да се исклучи можноста од тензии и нови судири“.

Србија негира дека ги разгорува тензиите и судирите на Косово, обвинувајќи ја Приштина дека ги крши правата на малцинските Срби, наведува Ројтерс.

Опозициските партии во Приштина го обвинија Курти дека ги плаши инвеститорите со тоа што отворено зборува за можен нов конфликт со Белград. Курти ги отфрла тие обвинувања. Тој ја обвини Русија за улога во поттикнувањето на новите етнички тензии на Косово.

„Деспотскиот (руски) претседател (Владимир) Путин е човек на војната и тој би имал интерес да ја шири војната бидејќи сака да ја нормализира војната“, кажа Курти.

„Имаме свои институции и органи на безбедноста, Косово сега е држава, ова не е 1998 година“, порача косовскиот премиер.

„Ова е 2022 така што сме многу поспремни да ги браниме нашиот суверенитет, територијалниот интегритет, да ја браниме својата демократија, владеењето на правото, уставноста и да го браниме нашиот напредок“.

Се очекува Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ да имаат дополнителни разговори на 18 август во Брисел. Ројтерс пишува дека Белград и Приштина јавно се посветени на дијалогот под покровителство на ЕУ со цел решавање на отворените прашања, но постигнат е мал напредок. Потсетува дека Косово се придружи на западната осуда на руските акции во Украина, како и санкциите против Москва. Србија не ѝ воведе санкции на Русија иако е посветена на членство во ЕУ.

НАТО има околу 3.700 војници стационирани на Косово, а минатата недела воениот пакт соопшти дека ќе интервенира во согласност со својот мандат ако стабилноста биде загрозена.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе