Косовскиот премиер во оставка

Курти: Гренел е на страната на Србија

Косовскиот премиер во оставка Аљбин Курти кажа дека специјалниот претставник на Вашингтон Ричард Гренел е на страната на Србија и има исти ставови како Белград.

Според него, за прашањата за укинување на царините и реципроцитетот Гренел е близок до ставот на Србија.

„Американскиот емисар Гренел не е меѓу Косово и Србија, тој е на позициите на Белград, кога станува збор за укинувањето на царините и реципроцитетот“, изјави Курти за РТК.

Пред неколку дена на онлајн конференција со меѓународни медиуми Курти изјави дека Гренел е директно вклучен во актуелната криза и дека истовремено нема неутрален став кога станува збор за формирањето нова влада на Косово, како и дека имал значајна улога во уривањето на неговата влада.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе