Како што пренесува порталот Косев.инфо, Курти рекол дека од 1 август до 30 септември во Приштина, како и во останатите 33 општински центри за регистрација, ќе се организира процесот на регистрација на возилата, а со тоа и „премин од диви таблички“ во таблички со ознака „РКС – Република Косово“.
За да се олесни процесот на регистрација на таквите возила, Курти нагласи дека направил „голема отстапка“ за да не бидат предмет на царинење.
„Ова е голема отстапка, имајќи предвид дека царинската такса за само едно возило во просек би била околу 5.000 евра. Исто така, при првата регистрација нема да биде потребен технички преглед на возилото, а општините може да одлучат да одбијат и по десет евра на име на такса“, рече Курти.
Видеопораката од фејсбук-профилот на Курти уследи по овонеделната одлука на косовската влада со регистарските таблички на Република Србија за градовите на Косово - „ПР“, „КМ“, „ПЗ“, „ГЛ“, „УР“, „ПЕ“, „ДА“ или „ЃА“ да се овозможи пререгистрација на РКС-таблички, од 1 август до 30 септември, а воедно и замена на српските лични карти со декларациски лист.