Курти е мандатарот за формирање косовска влада

Претседателот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти, е мандатарот за составување нова косовска влада, соопшти косовскиот претседател Хашим Тачи.

Иако беше најавена средба на Тачи и Курти таа денес не се случи, а објавата дека со декрет мандатот му е додедлен на лидерот на Самоопределување, косовскиот претседател ја објави на Фејсбук.

Курти сѐ уште нема мнозинство за состав на нова влада, а Тачи му го довери мандатот како лидер на партијата која ја доби најголемата поддршка на октомвриските вонредни парламентарни избори.

Тачи соопшти дека го прифатил предлогот на Самоопределување Курти да биде мандатар за составување нова косовска влада и за тоа, како што кажа, го информирал и парламентот.

„Ова е многу важен чекор за формирање нови институции и уставниот рок за формирање влада на Република Косово почнува денес“, напиша Тачи на Фејсбук.

Во согласност со тоа Курти има рок од 15 дена со Иса Мустафа, лидерот на второпласираниот Демократски сојуз на Косово, да договори постизборна коалиција и заедничко формирање на власта, четири месеци по вонредните парламентарни избори.

Доколку Курти не обезбеди мнозинство за формирање влада, Тачи мандатот ќе ѝ го даде на друга партија, а ако и тој обид пропадне, на Косово ќе бидат распишани нови вонредни парламентарни избори.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе