Курти: Договорот со Србија веќе е постигнат

Премиерот на Косово Аљбин Курти повтори на седница на косовското собрание дека договорот со Србија веќе е постигнат и додаде дека не било до него дали ќе оди во Вашингтон.

„Имаше лажни понуди за заминување во Белата куќа. Само накратко да објаснам. Не требаше јас да ја предводам делегацијата, туку да му се придружам на (Хашим) Тачи кога беше склучен договорот“, кажа Курти, а пренесува Косово онлајн.

„Пред укинувањето на царините, (Иса) Мустафа ми испрати писмо во кое побара укинување... Јас не сум за тоа да не воведеме реципроцитет, ова е прашање на ставови“, кажа Курти.

Тој повтори дека нема многу да изгуби со тоа што нема повеќе да биде премиер, со оценка дека најмногу ќе загубат граѓаните на Косово.

„Зошто сум јас денес среќен? Бидејќи не успеаја да воведат вонредна состојба, со овој премиер нема ни размена на територии ни вонредна состојба, тоа е екстремна мерка“, кажа косовскиот премиер.

Тој наведе и дека не постои извештај од состанокотт на Советот за национална безбедност одржан на 17 март околу консултациите за прогласување вонредна состојба поради коронавирусот, а на предлог на претседателот Хашим Тачи.

„Зошто ова се случува, тоа е затоа што Косово сѐ уште е заробена држава“, кажа Курти.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе