Став на косовскиот премиер

Курти: Договорот на Русија и Србија за координација на надворешната политика е аларм за Западот

Премиерот на Косово Аљбин Курти изјави дека вчера потпишаниот договор меѓу Србија и Русија за усогласување на надворешната политика треба да биде аларм за западните земји.

EPA-EFE

„Се соочуваме со нашиот северен сосед, кого го предводи претседател на страв и закани, кој, покрај тоа што недемократски ја води државата и кој не го признава Косово и злосторствата кои режимот на Милошевиќ ги изврши на Косово, има многу блиски врски со Руската Федерација, што неодамна го видовме со договорот за соработка, кој српскиот министер за надворешни работи го потпиша со рускиот, што треба да е аларм за западните демократски престолнини“, кажа Курти во Пеќ по средбата со градоначалниците на косовските општини.

Вчера на маргините на 77-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации министрите за надворешни работи на Србија и Русија, Никола Селаковиќ и Сергеј Лавров, потпишаа договор за координација на надворешните политики на тие две земји.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе