Косовскиот премиер

Курти: Блокадата на северот на Косово ја организираше Белград со поддршка од Русија

Косовскиот премиер Аљбин Курти во интервју за италијанскиот весник Ла република кажа дека блокадата на патиштата на северот на Косово не била спонтана, туку дека ја организирал Белград со поддршка од Русија.

EPA-EFE

„Замената на регистарските таблички која ја воведе (Слободан) Милошевиќ, е одлука на мојата влада. За тоа имаат два месеци. А истото важи и за личните документи. За неколку часа во неделата, колку што беше одлуката на сила, издадени се 1.679 документи без инциденти на граничните премини кои беа отворени.

Затоа мораа некого да повикаат на барикадите, протестот не настана спонтано од луѓето на Косово. Блокадите ги организираше Белград, што Русија го поддржа“, кажа косовскиот премиер.

Курти тврди дека луѓето кои биле на барикадите работат во нелегални објекти на северот на Косово и дека ги плаќа Белград.

„Обвинителот ги гледа снимките поставени на социјалните мрежи. Станува збор за лица на платен список на Белград кои работат во нелегални структури на северот на Косово. Некои од нив навистина биле криминалци кои од минатата година се на црната листа на американското министерство за финансии.

Ова е дежа ву, таа метода Србите ја користеа на почетокот на 90-тите за време на распадот на Југославија. Но Косово сега е демократска земја, тие можат многу малку да направат. Тие се фрустрирани бидејќи нашата економија, иако не нè признаваат како држава, напредува“, кажа Курти во интервјуто.

Одговарајќи на прашањето дали влез на Косово во НАТО би создал тензии со Србија, Курти кажа дека такво нешто само би помогнало на мирот во регионот. Тој оцени дека ризик од конфликт на Косово постои по инвазијата на Русија на Украина.

„Не сакам да кажам дека ризикот е многу голем, затоа што тука имаме НАТО контингент, но секако е висок. На крајот на краиштата ние сме демократија која граничи со автократија“, смета косовскиот премиер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе