Курц и Путин за заедничко производство на вакцината Спутник V

Австрискиот канцелар Себастијан Курц разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за испорака и заедничко производство на руската вакцина против коронавирусот Спутник V.

EPA-EFE

Како што соопшти официјална Виена, двајцата лидери разговарале за испорака на руската вакцина, штом биде одобрена од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА). Според медиумите, засега е нејасно дали на ЕМА ѝ е поднесено барање за одобрување на вакцината Спутник.

Додека Кремљ тврди дека таквото барање е предадено, а ЕМА дека не е почната постапката за одобрување на вакцината.

Австрија, заедно со Израел и Норвешка, се залага за заедничко производство на руската вакцина.

Курц на почетокот на месецот истакна дека дискусијата околу вакцината мора да биде водена без геополитички ограничувања. Тој истакна дека Австрија, по одобрувањето, сигурно ќе се залага за ставање на располагање на производните капацитети во земјата за производство на руската или кинеската вакцина.

Полимун сајентифик од Клостернојбург уште сега произведува компоненти за вакцината на Бајонтек/Фајзер, а во иднина оваа лабораторија би можела да има улога во производството на вакцината на Астра Зенека, но и на Спутник V.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе