Таков пасош веќе има Израел, а сакаат, како што кажа, да го воведат и некои европски земји. Со таквиот пасош треба да се овозможи враќање во нормалниот живот.
Пред денешниот самит на Европската Унија Курц се стави на чело на оние кои ја поддржуваат идејата за воведување пасош за вакцинација.
„Сакаме што побрзо да се вратиме на нормалноста и максималната слобода. Сè додека постои пандемијата и вирусот тоа ќе биде можно само ако имаме мерки за заштита, дали преку вакцинација или тестови“, истакна Курц.
Додаде и дека поради тоа е потребен европски пасош за вакцинација кој ќе овозможи слободно патување, па и одмор.
Курц најави дека со таа иницијатива ќе истапи на ЕУ самитот, и додаде дека има многу сојузници, пред сè туристичките земји како Грција, Кипар и Малта, но и балтичките држави, Шпанија, Хрватска и Словачка кои сакаат ваков сертификат за вакцинација.
Од друга страна Германија, Белгија, Холандија и Франција не сакаат брзи одлуки околу тоа.
Куц сепак гледа шанса за постигнување европски договор.
Доколку тоа не биде прифатени, порача дека Австрија самостојно ќе обезбеди слобода на движењето и патувањата, со бројни билатерални договори со државите кои тоа го сакаат.
„До летото ќе би биде потребен пасош за вакцинација“, истакна Курц.