Куба е прва во светот која против ковид вакцинира и деца на возраст од 2 до 11 години

Куба стана првата држава во светот која вакцинираше деца на возраст од две години и постари со вакцина против ковид-19, користејќи домашна вакцина која сè уште не е одобрена од Светската здравствена организација.

Фото: ЕПА

Државата со 1,2 милиони жители има намера да ги вакцинира сите деца пред повторно отворање на училиштата, од кои повеќето се затворени од март 2020 година. Новата учебна година започна вчера, но часовите се одржуваат преку телевизиски програми, бидејќи повеќето кубански домаќинства немаат пристап до интернет.

По завршувањето на клиничките испитувања врз малолетници со своите вакцини Абдала и Соберана, Куба во петокот започна кампања за вакцинација на деца на возраст од 12 години и постари. Во централната провинција Сиенфуегос вчера започна дистрибуцијата на вакцините за деца на возраст од 2 до 11 години.

Вакцинацијата на деца на возраст од 12 години и постари е одобрена во неколку други земји во светот, а некои спроведуваат испитувања на помали деца. Земјите како Кина, Обединетите Арапски Емирати и Венецуела објавија дека планираат да ги вакцинираат и помалите деца, но Куба е прва која тоа го реализираше.

Чиле вчера ја одобри кинеската вакцина Синовак за вакцинација на деца на возраст од шест до 12 години. Кубанските вакцини против ковид-19 се првите вакцини развиени во земјите од Латинска Америка, но тие не поминаа меѓународна научна рецензија. Тие се засноваат на рекомбинантна протеинска технологија, истата што ја користат американскиот Новавакс и францускиот Санофи. И двајцата чекаат одобрување од СЗО.

За разлика од многу други вакцини, рекомбинантните ДНК вакцини не бараат складирање на екстремно ниски температури. Повеќето училишта во Куба се затворени од март 2020 година. Тие повтроно беа отворени на само неколку недели кон крајот на минатата година, но во јануари повторно беа затворени. Куба во последните месеци забележа огромен број инфекции со коронавирус, што изврши огромен притисок врз здравствениот систем на земјата.

Од 5.700 смртни случаи како последица на коронавирус, колку што се регистрирани во Куба од појавата на пандемијата, скоро половина се регистрирани во последниот месец.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе