Кремљ: Заробените Американци мора да одговараат

Американските државјани заробени за време на насилствата во Украина мора да одговараат за своите дела и за нив не се применуваат Женевската конвенција, кажа денес портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

EPA-EFE

Тој во интервју за Ем-ес-ен-би-си заробените Американци ги нарече „платеници кои учествувале во нелегални операции на територијата на Украина“.

„Тие учествувале во гранатирања на нашата војска, ги загрозиле животите на нашите војници и мора да одговараат за извршените злосторства“, порача Песков.

Објасни дека заробените Американци немаат врска со украинската војска, па со самото тоа не подлежат на одредбите на Женевската конвенција.

Минатата недела портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс кажа дека САД се во контакт со украинската страна и претставници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во врска со извештаите за двајцата американски државјани кои Русија ги зароби во Украина.

Тој додаде дека Вашингтон добил извештаи кои укажуваат дека уште еден американски државјанин исчезнал во Украина.

Подоцна и американскиот претседател Џо Бајден кажа дека е известен за информациите за заробените американски државјани во Украина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе