„Глупаво и апсурдно“

Кремљ за истекувањето на гасот од Северен тек: Беше предвидливо дека некој ќе ја обвини Русија

Кремљ денес оцени дека е „глупаво и апсурдно“ да се сомнева дека Русија стои зад истекувањето на гас по неколкуте експлозии кои го погодија гасоводот Северен тек.

EPA-EFE

„Беше сосема предвидливо“ дека некој ќе ја обвини Русија, им кажа на новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

„Предвидливо, глупаво и апсурдно“, додаде тој.

Истекувањата од краците Северен тек 1 и Северен тек 2 се „проблематични за Русија бидејќи двете цевки се наполнети со руски гас спремен за пумпање, а овој гас е многу скап“, кажа Песков и додаде дека тој гас сега истекува.

Европа го осуди истекувањето на гасот и оцени дека станува збор за „саботажа на гасоводот“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе