Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека веројатноста украинската страна да иницира воен судир на истокот на Украина е поголема од кога било.
Песков кажа дека Украина распоредила голем број војници во близина на границата на регионот кој го контролираат проруски бунтовници, што, како што наведе, укажува дека Киев се спрема да ги нападне.
Од другата страна, Украина овие тврдења неколку пати ги демантираше.
Песков кажа и дека информациите кои доаѓаат од Западот се полни „со хистерија и проткаени со лаги“.
НАТО претходно денес соопшти дека членките на воениот пакт ги ставиле своите војски во состојба на готовност, како и дека ќе испратат дополнителни воени бродови и авиони на истокот на Европа, јакнејќи ги силите и одбраната.