Кремљ: Војната може да заврши денеска ако Зеленски ѝ нареди на армијата да го положи оружјето

Украина може да ја заврши војната пред крајот на денот, а за тоа да се случи сѐ што треба е наредба од украинскиот претседател армијата да го положи оружјето и да ги исполни условите на Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе руската државна агенција РИА новости.

Фото: ЕПА/EFE

„Украинската страна може да запре пред крајот на денешниот ден, потребна ни е наредба за националистичките единици да го положат оружјето, наредба украинската армија да го остави оружјето и мора да се исполнат условите на Руската Федерација. Сѐ може да заврши пред крајот на денот“, рече Песков коментирајќи ја изјавата на Володимир Зеленски за плановите за завршување на војната пред зимата.

Двајца неименувани дипломати на Европската Унија вчера за новинските агенции изјавија дека Зеленски им рекол на лидерите на водечките индустриски демократии на Г7 дека сака војната да заврши пред зимата.

Зеленски им се обрати на лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Соединетите Држави преку видео врска вчера на вториот ден од тридневниот самит на Г7 во јужна Германија.

Во своето вчерашно обраќање Зеленски побара системи за противвоздушна одбрана, повеќе санкции за Русија и безбедносни гаранции. Украинскиот претседател побара и помош за извозот на житото од Украина и за обнова на земјата, изјави европски функционер.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА/EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе