Кремљ: Со најстрогите санкции во модерната историја Западот предизвика светска прехранбена криза

Кремљ денеска соопшти дека Западот предизвикал глобална прехранбена криза со воведувањето на најстрогите санкции во модерната историја кон Русија поради војната во Украина.

Фото: ЕПА

Претседателот Владимир Путин, соопшти Кремљ, се согласува со оценката на Обединетите нации дека светот се соочува со криза со храна, која може да предизвика глад.

„Русија отсекогаш била прилично сигурен извозник на жито“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Ние не сме изворот на проблемот.“

Тие додаваат дека руските војници ќе мора да бидат предупредени за „терористички напади“ откако во неделата во експлозија беше повреден градоначалникот на окупираниот град Енерходар во јужна Украина, кого го назначи Русија.

„Нашите војници мора да бидат будни и да преземат мерки за да спречат вакви терористички напади“, изјави за новинарите Песков.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе