Разговор среде засилените тензии на Москва и Западот

Кремљ: Си го поддржа Путин во барањето да добие гаранции за неширење на НАТО

Кинескиот претседател Си Џинпинг го поддржа денес рускиот претседател Владимир Путин во неговите напори од Западот да довие гаранции НАТО да престане да се шири на исток, соопшти Кремљ по виртуелниот самит на двајцата лидери.

EPA-EFE

Надворешнополитичкиот советник на Путин Јуриј Ушаков кажа дека рускиот претседател денес го информирал Си за „растечките закани за руските национални интереси од страна на САД и НАТО, кои постојано ја поместуваат својата воена инфраструктура во близина на руските граници“.

Рускиот лидер ја истакнал и потребата од организирање разговори со НАТО и САД за правно обврзувачки безбедносни гаранции, кажа Ушаков.

Си одговорил дека ја „разбира загриженоста“ на Русија и дека во целост ја поддржува руската иницијатива такви безбедносни гаранции да бидат разработени, наведе Ушаков.

Путин и Си разговараа во момент на засилени тензии меѓу Москва и Западот поради руското разместување војници на своја територија во близина на границата со Украина.

Западните држави во последните недели дипломатски се ангажираа за да спречат наводна можна инвазија на Русија во Украина, иако Кремљ негира дека има такви планови.

Путин во меѓувреме побара гаранции дека НАТО нема да се шири во Украина и Грузија и дека нема да разместува војници и оружје во тие земји.

Кина и Русија во последните години сè повеќе ги усогласуваат своите надворешни политики со цел спротивставување на американската доминација над меѓународниот економски и политички поредок.

Путин и Си денес ги поздравија односите на Русија и Кина, а рускиот лидер кажа дека тие се засновани на „принципи како немешање во внатрешните прашања и почитување на интересите на другата страна“.

Си кажа дека го цени тоа што Путин „силно ги поддржал“ напорите на Кина да ги заштити клучните национални интереси и што „цврсто се спротивставил“ на обидите да се направи раздор меѓу двете земји.

„Во моментов одредени меѓународни сили арбитрарно се мешаат во внатрешните работи на Кина и Русија под маската на демократијата и човековите права и брутално го газат меѓународното право и нормите на меѓународните односи“, кажа кинескиот претседател.

Путин кажа дека планира да се сретне со Си во Пекинг во февруари и да присуствува на Зимските олимписки игри кои тогаш ќе се одржат во главниот град на Кина. Повеќе западни земји прогласија дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг поради, како што тврдат, кршењето на човековите права во Кина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе