Датумот не е договорен

Кремљ се надева на разговор на Путин и Бајден до крајот на годината

Кремљ соопшти дека се надева дека претседателите на Русија и Соединетите Американски Држави, Владимир Путин и Џозеф Бајден, ќе разговараат пред крајот на годината.

EPA-EFE

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа, одговарајќи на прашање на ТАСС за можноста да дојде до разговор на двајцата лидери, дека датум не е договорен.

„Се надеваме дека таков самит ќе биде одржан пред крајот на годината“, наведе Песков.

На прашањето во каков формат би можел да биде одржан разговорот, кажа дека тоа веројатно ќе биде видеоконференција.

Тој истакна дека не е постигнат напредок по тоа прашање, но дека Кремљ се надева дека Путин и Бајден ќе разговараат пред крајот на годината.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе