Кремљ реагираше на потегот на Финска: „Ова е закана за Русија“

Кремљ соопшти дека ја смета одлуката на Финска да се приклучи на НАТО за „закана за Русија" и дека проширувањето на одбранбената алијанса „нема да ја зголеми безбедноста и стабилноста на Европа, како ни на остатокот од светот".

Фото: ЕПА

Финска денеска одлучи да аплицира за членство во НАТО, а генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека влезот на Финска во НАТО ќе оди брзо.

Кремљ вели дека Русија е „подготвена одлучно да одговори на секоја страна која ќе се обиде да се вклучи во конфликтот со Украина и да ја спречи специјалната воена операција“, како што официјална Москва ја нарекува инвазијата на Украина.

Портпаролот на Владимир Путин Дмитриј Песков рече дека „сите сакаат да избегнат директен конфликт меѓу НАТО и Русија“.

Тој додаде дека денешниот потег на Финска е „за жалење“ и „дефинитивно закана за Русија“ и „причина за симетричен одговор“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе