Кремљ: Путин нема да му го честита на Бајден Денот на американската независност

Честитките годинава не би биле соодветни, порача Песков.

Фото: ЕПА

Рускиот претседател Владимир Путин денеска нема да му го честита Денот на американската независност на американскиот претседател Џо Бајден поради „непријателските“ потези на САД кон Москва, соопшти денеска Кремљ.

„Честитките за овој ден не би биле соодветни. Причината е непријателската политика на Соединетите Држави“, изјави денеска за новинарите портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков.

Џо Бајден уште од почетокот на руската инвазија на Украина остро ги осуди постапките на Русија и нејзиниот претседател Путин, кого го нарече воен злосторник и рече дека „не може да остане на власт“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе