„Претседателот на Русија секогаш бил, е и останува отворен за преговори за да ги обезбеди нашите интереси“, им кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на новинарите на прашањето за изјавата на Бајден. „Најпожелниот начин за постигнување на нашите интереси е со мирни, дипломатски средства“, додаде Песков.
Путин претходно кажа дека воопшто не жали за почнувањето на специјалната воена операција во Украина и ја смета војната за клучен момент кога Русија конечно ѝ се спротивстави на арогантната западна хегемонија по децениите понижувања по падот на Советскиот Сојуз во 1991.
Украина и Западот велат дека Русија нема оправдување за она што го нарекуваат окупациска војна. Киев порача дека ќе се бори сè додека и последниот руски војник не биде исфрлен од нејзината територија.