„Заслужува позитивна оценка, но сè уште нема многу причини за оптимизам“, кажа портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
Руските и американските преговарачи се сретнаа вчера во Женева на разговори по повеќенеделните тензии околу Украина.
Состанокот беше одржан во седиштето на американската дипломатска мисија во околности на нарушени дипломатски билатерални односи, кои се на најниско ниво од завршувањето на Студената војна пред три децении.