Русија го анектираше Херсон и три други украински региони откако во септември одржа референдуми, кои Киев и Западот ги осудија како незаконски. Но денес објави дека руските сили се повлекле од западниот брег на реката Дњепар, каде што се наоѓа градот Херсон.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им кажа на новинарите дека „статусот на регионот е фиксен“ и дека промени не се можни. „Тоа е дел од Руската Федерација – тоа е законски фиксирано и дефинирано. Нема и не може да има промени“, кажа Песков.
Во првите јавни коментари на Кремљ по најавата на министерот за одбрана Сергеј Шојгу дека руските сили ќе се повлечат од градот Херсон, Песков кажа дека тоа е одлука на министерството за одбрана и дека „тој нема што да додаде“.