Кремљ: Односите меѓу Русија и Западот ќе се вратат во нормала. Можеби не брзо, но ќе се вратат

Дури и во услови на историски високи тензии меѓу Русија и Западот, Кремљ очекува во одреден момент односите да се вратат во нормала, рече портпаролот Дмитриј Песков во гостувањето на државната телевизија, каде што ја обвини Европа за прекинот на испораката на руски гас.

Фото: ЕПА

„Секој судир завршува со смирување на тензиите и секоја кризна ситуација завршува на преговарачка маса“, изјави портпаролот, пренесе денеска новинската агенција Интерфакс. „Така ќе заврши и оваа. Веројатно тоа нема да се случи многу брзо, но ќе се случи“, рече Песков за ТВ-програмата „Москва. Кремљ. Путин“.

Русија во моментов се справува со историските санкции наметнати од Западот поради инвазијата на Украина на 24 февруари. Сепак, уште пред руската агресија врз Украина, односите меѓу Русија и Западот беа сериозно нарушени.

Песков додаде дека Русија се залага за меѓународна хармонија заснована на заемно почитување и придобивки и ги обвини САД, иако не ги именуваше, дека пристапуваат кон политиката на „каубојски начин“.

Во истата емисија Песков ги обвини Европејците дека ја прекинале испораката на рускиот гас преку гасоводот Северен тек 1 под Балтичко Море.

„Ако Европејците донесуваат апсолутно апсурдни одлуки, без разлика дали одбиваат да ги одржуваат своите системи или системите на Газпром, тогаш вината не е кај Газпром, туку кај политичарите што одлучиле да применат санкции“, рече тој.

Европејците се со договор обврзани да ги одржуваат системите на рускиот енергетски гигант Газпром, рече Песков.

Газпром во петокот вечерта објави дека нема да продолжи со испораките на природен гас за Германија преку Северен тек 1 поради истекување масло во компресорската станица во Портоваја.

Претходно во неделата, германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека „Путиновата Русија е таа што ги прекршува договорите“, не ги исполнува обврските за испорака веќе некое време и „веќе не е сигурен снабдувач на енергија“.

Германската влада смета дека оправдувањето на Москва е лажно бидејќи Сименс тврди дека истекувањето масло може рутински да се поправи и не е причина да се запрат испораките.

Од компанијата Сименс, која го врши одржувањето, наведуваат дека тоа не е причината за прекинот на испораките и дека Русија е таа што ги прекршила договорите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе