Кремљ објави кој е минималниот услов за завршување на војната во Украина

Референдумите за припојување на четирите украински региони нема да значат крај на војната во Украина, порача денес портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

EPA-EFE

„Специјалната воена операција продолжува и оди понатаму“, кажа Песков на редовниот референдум за новинарите.

Четирите окупирани или делумно окупирани региони (Херсон, Доњецк, Луганск и Запорожје) одржаа референдуми за припојување кон Русија. Украина и западните земји ги отфрлија како незаконски и руска претстава за домашната јавност, порачувајќи дека нема да ги признаат.

На новинарското прашање што ќе се случи кога проруските лидери на тие четири региони ќе ги потпишат документите за припојување, односно дали руската погранична стража ќе биде испратена да ги чува новите граници, Песков одби да одговори, кажувајќи дека „Кремљ за тоа навремено ќе ја информира јавноста“.

На прашањето дали Русија ќе смета дека воените цели се остварени кога тие четири региони ќе бидат формално припоени кон Русија, Песков кажа дека „целата територија на Доњецката Народна Република сè уште не е ослободена“.

„Минималниот услов е целата територија на Доњецката Народна Република да биде ослободена“, кажа Песков.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе