Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, за државните медиуми изјави дека вработените во амбасадата добиле закани со физичко насилство и дека често биле вознемирувани во околината на Амбасадата и убедувани да работат за Федералното истражно биро или Централната разузнавачка агенција, пренесе Ројтерс.
„Ја споделуваме загриженоста на шефот на нашата дипломатска мисија во Соединетите Држави поради навистина прилично дрското однесување на американските разузнавачки агенции во однос на нашите граѓани и со вработените во нашата мисија“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Сметаме дека тоа е неприфатливо.“