Можен пресврт

Кремљ: На Украина може да ѝ бидат вратени територии

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков навести дека одредени територии во рамки на четирите украински региони кои ги припои Русија би можеле да му бидат вратени на Киев.

EPA-EFE

Зборувајќи за границите во регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, руската медиумска куќа РБЦ пренесува дека Песков го изјави следното:

„Прочитајте ја наредбата. Таму има законска формулација. Генерално, нормално зборуваме за територијата на која дејствувала воено-цивилната администрација во време на приемот во Русија“.

А потоа додаде: „Но, уште еднаш повторувам: одредени територии ќе бидат вратени таму, а ние ќе продолжиме да се консултираме со населението“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе