Кремљ му одговори на Зеленски

Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков рече дека изјавата на украинскиот претседател дека нема да има договор Минск 3 за да се запрат борбите во Украина покажува дека Киев не е заинтересиран за мировни преговори со Москва, пренесе РИА Новости.

Фото: ЕПА

Володимир Зеленски, говорејќи преку видео врска на самитот на Г-20, ја отфрли можноста за трет „Мински договор“, алудирајќи на два неуспешни договори за прекин на огнот меѓу Киев и Москва за статусот на регионот Донбас.

„Нема да дозволиме Русија да чека, да ги зајакне своите сили и потоа да започне нова серија на терор и глобална дестабилизација. Нема да има Минск 3 кој Русија веднаш би го прекршила“, рече Зеленски.

На прашањето дали оваа изјава потврдува дека Киев не е подготвен да преговара со Русија, Песков одговори: „Апсолутно“.

Германија и Франција посредуваа во склучувањето на два договори од Минск, потпишани во 2014 и 2015 година, за прекин на огнот во источна Украина меѓу Киев и проруските сепаратисти. Двете страни меѓусебно се обвинуваа за прекршување на тие договори.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе