Кремљ: Џонсон не нè сака нас, а ни ние него

Додека британските медиуми пишуваат дека премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон денеска ќе поднесе оставка од функцијата партиски лидер, Кремљ порача дека „тој не ја сака Русија, но ни Москва не го сака него“.

Фото: ЕПА

„Тој (Џонсон) не нè сака нас, а ни ние не го сакаме него“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за време на прес-конференција.

Песков додаде дека Кремљ не е заинтересиран за информациите дека Џонсон наскоро ќе поднесе оставка од премиерската функција.

Повеќе од 50 министри ја напуштија владата на Велика Британија за помалку од 48 часа, со порака дека премиерот Борис Џонсон не е способен да раководи по серијата скандали. Во исто време, десетици членови во неговата Конзервативна партија се во отворен бунт против него.

Последните напади дојдоа откако тој се извини за, како што рече, грешката што не сфатил дека поранешниот министер Крис Пинчер не е способен за работа во владата, откако против него беа упатени обвинувања за сексуално недолично однесување.

Се очекува Лиз Трас, сега шефица на британската дипломатија, која денеска го откажа своето патување во Индонезија за самитот на Г-20, да се кандидира за шеф на Конзервативната партија и, следствено, за нов британски премиер.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе