Кремљ: Добро е тоа што и Америка смета дека Украинците го наредиле убиството на Дугина

Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, денес на редовниот новинарски брифинг одговараше на прашања за извештајот на Њујорк тајмс според кој американските разузнавачки агенции веруваат дека функционери на украинската влада го одобриле поставувањето автомобил-бомба во Москва, во чија експлозија беше убиена Дарја Дугина, ќерка на познатиот руски стратег Александар Дугин.

EPA-EFE

Њујорк тајмс објави дека американските власти се плашат дека станува збор за факт кој би можел да го прошири конфликтот во Украина. Песков на прашањето за тврдењата на американските разузнавачи кажа дека руската истрага на убиството на Дугина покажала дека Украина стои зад нападот, додавајќи дека е „позитивно што и американските разузнавачи се согласуваат со тоа“.

Официјален Киев дене повторно отфрли дека е вклучен во нападот во кој беше убиена Дугина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе