Градот беше блокиран од 23 јануари

Крај на блокадата на Вухан, стотици луѓе чекаа да го напуштат градот (ВИДЕО)

Повеќе стотици патници го напуштаат кинески Вухан со воз, јавува Франс прес од лице место.

На железничката стница патниците го чекале полноќ по локално време, (16:00 по средноевропско) за да заминат.

Тоа беше моментот кога кинеската власт ја укина целосната блокада на Вухан, градот од 11 милиони жители во кој почна пандемијата на вирусот ковид-19.

Укинувањето на целосната блокада на градот од кој никој не можеше да излезе од 23 јануари, е знак дека Кина е на крајот на кризата предизвикана од коронавирусот.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе