Крадци ја искористија пандемијата: Од затворен музеј украдена слика на Ван Гог (ВИДЕО)

Вредна слика на познатиот уметник Винсент Ван Гог била украдена во текот на ноќта од холандски музеј кој е затворен поради пандемијата на коронавирусот.

Според соопштението на музејот Сингер Ларен кој се наоѓа покрај Амстердам, станува збор за сликата која прикажува градина во Нуенен во пролет, а која била позајмена од музејот Гронингер, пренесуваат агенциите.

„Шокиран сум и неверојатно гневен“, изјави денес попладне директорот на музејот Јан Рудолф де Лорм на конференција за новинарите.

„Ова е многу лошо за музеите Гронингер и Сингер. Но пред сѐ овој настан нѐ погодува сите нас. Уметничките дела се тука за нас, да ги делиме сите, целото општество. Таа би требало да нѐ инспирира и теши, особено во овие тешки времиња“, додаде Де Лорм.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе