По државниот погреб во Вестминистерската опатија и минувањето на краличиниот ковчег на кочија низ Лондон, погребната поворка пристигна до замокот Виндзор.


Последното почивалиште на Елизабета Втора
Капелата Сент Џорџ, е местото каде што настаните на денот ќе завршат.
Вечерва кралицата ќе биде погребена покрај нејзиниот покоен сопруг, војводата од Единбург.
Таа ќе биде погребена во кралскиот свод на меморијалната капела на кралот Џорџ Шести - дел од капелата Сент Џорџ.
На погребот ќе присуствува само кралското семејство, но пред тоа се одржува опело - на кое присуствуваат околу 800 гости и го води деканот на Виндзор.