Сменета перцепција околу прашањето на Косово

Косовски аналитичар: Грција сака да ја преземе водечката улога на Балканот

Косовскиот професор и експерт за политички прашања Миљазим Красниќи смета дека Грција се обидува да преземе нова улога на Балканот.

EPA-EFE

Тој истакна дека е сменета перцепцијата на Атина околу прашањето на Косово, пренесува Репортери.

Красниќи истакнува дека посетата на косовскиот премиер Аљбин Курти на Грција била корисна за Косово и дека Грција се обидува да наметне нова улога на Балканот.

„Состаноците на сите нивоа и формати секогаш можат да бидат корисни за афирмацијата на Косово. Состаноците во Атина на високо ниво и фактот што Курти го прими и грчкиот премиер се дел од латентната промена која се забележува во грчката политика кон Косово. Промената настана како резултат на стратегискиот договор кој Грција го потпиша со САД под министерот (за надворешни работи Мајк) Помпео. Грција би требало да ја преземе водечката улога на Балканот, како противтежа на Турција и други сили. Атина се труди да ја преземе оваа улога, а сите овие активности се дел од напорите да се промени улогата на Грција“, смета Красниќи.

Тој додава и дека дошло до промена во перцепцијата на косовското прашање од страна на Грција.

„Дојде до оваа промена во перцепцијата на косовското прашање, Грција навистина ја почна оваа промена што би можело да биде во најдобар интерес на Косово, затоа што Грција сè уште се смета за најблизок партнер на Србија на Балканот. Во времето на Милошевиќ имаше обиди за создавање српско-грчка федерација која во тоа време беше нарекувана кислород за православието“, кажа Красниќи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе