Нема повредени

Косовската полиција тврди дека била нападната кај езерото Газиводе: „Испукани десетина куршуми“

Косовската полиција тврди дека била нападната вчера попладне, додека активирала патролен чамец во езерото Газиводе.

EPA-EFE

Во полициското соопштение е наведено дека биле испукани десетина куршуми и дека нема повредени.

„Истрелите беа последователни, од другиот дел на езерото и погодија во близина на полицискиот чамец. Во пукањето нема повредени“, соопшти полициската станица за граничен надзор.

Се истакнува дека единицата за брзи интервенции им испратила помош на нападнатите и дека полицијата продолжува во надгледување на теренот и истрагата за нападот.

„Косовската полиција останува посветена на безбедноста и борбата против криминалот, со посебен акцент на шверцот во тој дел на Косово“, се истакнува во соопштението.

Нападите на косовската полиција на северот се во пораст во последните неколку месеци.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе