Косово поднесе барање за полноправно членство во Советот на Европа

Европската Унија, нејзините членки и институции ги повикаа Приштина и Белград да „дејствуваат воздржано и да не посегнуваат по еднострани потези и пораки кои само ги заоструваат тензиите“, изјави денес во Брисел портпаролот на Европската комисија Петер Стано по повод барањето на Приштина за членство во Советот на Европа.

EPA-EFE

Стано, на прашањето на новинарите како ЕУ гледа на пораката на Србија дека остро ќе возврати на потегот на Приштина, кажа дека ЕУ не е членка на Советот на Европа и не може да се изјаснува за тоа.

Портпаролот на ЕК додаде дека ЕУ очекува двете страни да направат сè преку Дијалогот, со посредување на Унијата, да ги решат сите прашања и да склучат сеопфатен правно обврзувачки договор за нормализација на своите односи.

Косово денес официјално поднесе барање за прием во полноправно членство на Советот на Европа, кое е проследено на Комитет на министри на паневропската организација на понатамошна процедура.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ оцени дека Приштина, со барањето за прием во Советот на Европа, покажала дека го згазила Вашингтонскиот договор и ги праша претставниците на меѓународната заедница зошто го викаат Белград на преговори кога косовските Албанци газат преку сè што ќе потпишат.

„Брутално го згазија и прегазија, ништо не ги загрижува. По 10 години газење на Бриселскиот договор сега го згазија и Вашингтонскиот договор, а Резолуцијата 1244 (на Советот за безбедност на ОН) никогаш не ја ни почитуваа“, кажа Вучиќ.

Според досегашните искуства и процедури, од поднесувањето барање за прием до статусот на полноправна членка на Советот на Европа може да поминат и повеќе години.

Првиот чекор е добивање поддршка од повеќе од две третини членови на Комитетот на министри на Советот да се земе барањето на разгледување.

Поголемиот дел од 46 земји членки, колку што има Советот на Европа по суспензијата на Русија од членството, ја признаваат независноста на Косово, па се очекува приштинските власти да обезбедат поддршка за првиот чекор кон членството.

Следниот чекор е една од земјите членки косовското барање за членство да го стави на дневниот ред и гласање во Комитетот на министри или на годишната министерска седница.

По добивањето на двотретинско мнозинство во тоа тело, барањето се проследува на Парламентарното собрание.

Потенцијалната членка мора да ги исполнува критериумите на Советот на Европа за демократијата, почитувањето на човековите права и владеењето на правото.

Доколку на крајот на тој процес земјата која аплицира за членство добие двотретинско мнозинство на гласови и во Парламентарното собрание на Советот на Европа, барањето се враќа на Комитетот на министри за конечна потврда.

Советот на Европа веќе има канцеларија во Приштина преку која ги реализира програмите за поддршка на косовските институции, а Косово досега успеа да стане полноправна членка во некои тела на Советот, како Банката за развој и Венецијанската комисија.

Министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин околу барањето на Косово за членство во Советот на Европа денес кажа дека „ако Косово стане член на Советот на Европа, Србија треба да прогласи и политичка неутралност покрај воената“.

„Ако веќе не можеме да ги одбереме непријателите, ајде барем да ги бираме пријателите“, порача Вулин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе