ВО КАЧАНИК

Косово: исламисти му удирале шлаканици и плукале споменик на Скендербег (ВИДЕО)

Снимката на која се гледа како еден маж му удира шлаканици, го плука и го навредува споменикот што во Качаник му е подигнат на Ѓерѓ Кастриот Скендербег предизвикала згрозеност на цело Косово.

Радикални исламисти му удирале шлаканици на споменикот на Скендербег во Качаник. Инцидентот се совпаѓа со најавата за враќање на џихадисти од фронтовите во Сирија и Ирак, пренесува РТС.

Локални извори во Качаник тврдат дека авторите на ова видео, кое на Јутјуб е поставено со знакот на Исламска држава на Ирак и Сирија, се активисти на локалната исламска организација предводена од Лавдрим Музафери, кој неодамна беше уапсен за тероризам.

Полицијата, по објавувањето на снимката, ги уапсила Арбен Бериша и Ветон Вербанија.

Качаник во серијата извештаи од косовските и западните разузнавачи е означен како клучно место за регрутирање радикални исламисти за војните во Ирак и Сирија, но и како нивна база кога ќе се вратат на Косово.

Косовските медиуми во последниве неколку недели предупредуваа дека ветераните од војните во Ирак и Сирија подготвуваат напади на територијата на Косово и Албанија, а потоа беа уапсени три лица.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе