Косово ги укина царините

Косовскиот премиер во оставка Аљбин Курти објави дека косовската влада донела одлука за укинување на царините на производите од Србија и Босна и Херцеговина.

Се воведува и мерка на реципроцитет во однос на Србија, која нема да се применува во односите со БиХ.

Одлуката стапува на сила вечерва на полноќ и ќе важи до 15 јуни годинава, кога ќе се разгледаат резултатите на примената на оваа одлука.

Премиерот во оставка спомна и многу меѓународни документи кои се основа за меѓусебните трговски односи додека особено подвлече дека два документи кои се однесуваат на трговските односи меѓу Косово и Србија треба да бидат во согласност со уставните и законските решенија на Косово.

„Мерките на реципроцитет односно за меѓусебните односи се институт, за односот меѓу суверени држави кој е признаен со основните принципи на меѓународното право“, кажа Курти спомнувајќи конкретни меѓународни документи и принципи кои тоа го уредуваат.

Косовското собрание пред неколку дена изгласа недоверба на влада на Курти.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе