Коронавирусот во светот: Русија и Украина со рекорден број нови случаи

Русија урива нови рекорди со 25.487 новозаразени и 524 починати од ковид-19, а Финска признава дека состојбата со коронавирусот во земјата брзо се влошила последниве денови, додека во светот се заразени повеќе од 60,37 милиони луѓе, а починалe 1.420.556, јавуваат новинските агенции.

Фото: ЕПА

Со 25.487 нови случаи на зараза, Русија има вкупно 2.187.990 случаи.

Властите исто така известија за рекордни 524 смртни случаи од последици на ковид-19 во последните 24 часа, така што според официјалните податоци, досега починале 38.062 лица.

Бројот на заразените се зголемува низ целата земја од септември, но властите се спротивставуваат на затворањето и велат дека целните мерки треба да бидат доволни.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин ја продолжи препорачаната самоизолација за граѓаните постари од 65 години и оние што се во ризичните групи до 15 јануари како мерка на претпазливост поради пандемијата на коронавирусот.

Тој исто така рече дека најмалку 30 проценти од вработените во компаниите во главниот град, кои веќе работат од дома, треба да работат од своите домови до 15 јануари.

Москва, град со повеќе од 12,5 милиони жители, објавува илјадници нови случаи на дневна основа.

 

Состојбата со ковид-19 во Финска рапидно се влошува

Ситуацијата со ковид-19 во Финска драстично се влоши во последните денови, рече премиерката Сана Марин, но додаде дека владата верува дека сè уште нема основа за усвојување итни мерки како оние во март.

14-дневната инциденца во Финска на 100.000 жители во средата беше 75,8, второ најниско европско ниво по Исланд, покажаа податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Во најтешко погодениот регион околу главниот град Хелсинки, минатата недела бројот на новите случаи се зголеми за скоро 70 проценти во споредба со една недела порано, според регионалните здравствени власти.

„Ситуацијата на коронавирусот брзо се влоши во Финска. Бројот на заразени се зголеми, како и бројот на оние на кои им е потребна хоспитализација“, изјави Марин пред новинарите.

„Според мене, не треба да исклучуваме ниедна мерка“, додаде таа, осврнувајќи се на можното прибегнување кон план за вонредна состојба.

Владата во четвртокот им препорача на регионалните власти привремено да ги затворат сите јавни места со висок ризик во регионите каде што бројот на заразените рапидно расте. Регионот околу Хелсинки ќе ги забрани сите јавни собири и на отворено и на затворено, а децата над 15 години преминуваат на часови преку интернет.

 

Украина потврди рекорден дневен број случаи

Украина во последните 24 часа забележа рекордни 15.331 нов случај на ковид-19, изјави министерот за здравство Максим Степанов. Претходниот рекорд беше 14.580, на 21 ноември.

Тој рече дека вкупниот број на случаи се искачил на 677.189, а починале 11.717 лица.

 

Во Унгарија починаа 115 пациенти во последните 24 часа

Во последните 24 часа во Унгарија, 115 постари пациенти што веќе страдаа од хронично заболување починаа како резултат на коронавирусот, а 6.360 се новозаразени, објави денеска унгарската влада.

Вкупниот број на случаи од избувнувањето на епидемијата во земјата се зголеми на 192.047, додека бројот на смртни случаи е 4.229, пренесува агенцијата МТИ. Во моментот има 138.202 активни случаи, од кои 7.537 се хоспитализирани, а 640 пациенти се на респиратори. Будимпешта има најголем број случаи.

Унгарија не планира дополнителни мерки за ограничување на ширењето на коронавирусот, изјави шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе