Контроверзна одлука: на ИСИС невеста ѝ е укинато британското државјанство

Шамима Бегум, девојката која пред шест години избегала од Британија за да ѝ се придружи на Исламска држава во Сирија, го изгуби британското државјанство.

EPA-EFE

Одлуката на врховниот суд на Британија е клучен и контроверзен случај за политиката на укинување на државјанството на Британците кои заминале да се придружат на ИСИС и кои потоа ги заробиле сириските курдски милиции.

Бегум имала 15 години кога со две пријателки од училиште избегала од источен Лондон во Сирија за да се придружат на ИСИС. Британското државјанство ѝ беше укинато во 2019 година откако ја најде новинар во еден затворенички логор.

Иако е родена и порасната во Британија, нејзиното државјанство беше укинато со објаснување дека може да се пријави за државјанство на Бангладеш од каде ѝ се родителите.

Бегум од тогаш се бори одлуката на тогашниот министер за внатрешни работи Саџид Џавид да се укине и да ѝ се дозволи да се врати во Британија.

Британскиот закон му овозможува на министерот да го укине британското државјанство ако се процени дека таа одлука е во корист на општото добро, но државјанството не може да им се укине на лица кои не можат да се пријават за некое друго.

Бегум како тинејџерка се венчала за милитант на ИСИС и му родила три деца кои сите умреле. По поразот на Исламска држава во Сирија, ја заробиле сириски Курди во 2019, и од тогаш е во затвор и во услови кои нејзиниот адвокат ги опишува како „ужасни“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе