Земур, поранешен новинар осуден за поттикнување омраза, станува главен кандидат кој ќе ја предизвика Марин Ле Пен, лидерка на поетаблираното крајно десничарско Национално собрание, за место во вториот круг против претседателот Емануел Макрон.
„Долго бев задоволен со улогата на новинар, но повеќе не верувам дека политичарите ќе имаат храброст да ја спасат земјата од трагичната судбина што ја очекува“, рече Земур во видеото објавено на социјалните мрежи.
„Затоа решив да се кандидирам на претседателските избори“, додаде тој.
Неговата тврдокорна критика на исламот и имиграцијата го направи поларизирачка фигура, привлекувајќи ја поддршката на избирачката база на Ле Пен и главната конзервативна десница, но исто така го отуѓи од другите во Франција.
По метеорскиот пораст во анкетите во изминативе недели, со неколку анкети кои предвидуваа дека ќе влезе во вториот круг од изборите, неговата популарност опаѓа.
Во оваа фаза, повеќето анкети предвидуваат дека во вториот круг во април следната година ќе бидат Макрон и Ле Пен и дека Макрон најверојатно ќе победи во вториот круг како и на изборите во 2017 година.
Но, Земур во последниве недели извесно време водеше пред Ле Пен, а трката за второ место сè уште е неизвесна и има многу време за повторно да се промени до април.
„Досега тоа беше загревање. Вистинската трка започнува“, стои во меилот на портпаролот „Пријател на Ерик Земур“ испратено пред објавата на видеото на неговите поддржувачи.
Кампањата на Земур е во застој по разни инциденти.
Едниот беше во текот на викендот, кога беше фотографиран како покажува среден прст на демонстрант по бурната кампања во Марсеј. Тој го тужеше и трач магазинот Клоусер, кој објави дека чека дете со својата главна политичка помошничка.
French presidential hopeful @ZemmourEric was in Marseille today and someone gave him the finger. He gave one right back 😂 pic.twitter.com/9UIhzcXcSG
— Chris Tomlinson (@TomlinsonCJ) November 27, 2021
Испитувањата на јавното мислење покажуваат и дека некои гласачи ги шокирал со провокативни коментари - од тоа дека на деца не треба да им се даваат имиња што звучат странски, до тврдење дека француската влада, која соработувала со нацистите за време на Втората светска војна, ги штитела Евреите. И ја загуби поддршката од некои истакнати поддржувачи, пишуваат француските медиуми.
Земур треба да се појави во главната информативна програма ТФ1 во вторник навечер, што е традиционален настап на кандидатите.