Италија

Конте поднесува оставка, се надева на нов мандат за формирање влада

Италијанскиот премиер Џузепе Конте ќе поднесе оставка во вторник, беше објавено денеска од неговиот кабинет.

Фото: ЕПА

Се наведува дека тој ќе свика состанок утрото за да ги информира министрите за својата одлука.

Според Ројтерс, Конте се надева дека претседателот Серџо Матарела ќе му го даде мандатот да формира нова влада што ќе има поширока поддршка во парламентот.

Коалицијата што ја сочинува италијанската влада се распадна на 13 јануари, кога коалицискиот партнер на премиерот, Матео Ренци, ги повлече своите министри, втурнувајќи ја земјата во политичка криза во услови на пандемијата на коронавирусот.

Со недели, Ренци, поранешен премиер, ги критикуваше плановите на Конте да ги користи средствата на Европската Унија за да се опорави од пандемијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе