Резолуцијата беше разгледана и усвоена на пленарната седница на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина во Пекинг.
„Партијата и народот се бореа еден век“, се вели во резолуцијата и се истакнува дека во тој период е напишана „највеличествената“ приказна во историјата на кинескиот народ.
Си, кој е генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, одржа говор на седницата, а во резолуцијата се наведува дека „мислата“ на првиот човек на Пекинг е „олицетворение на кинеската култура и дух“.
„Присуството на Си Џинпинг во срцето на владејачката партија е од клучно значење за промоција на историскиот процес на големото обновување на кинеската нација“, се вели во текстот.