Колумбиската влада ги стерилизира нилските коњи на Пабло Ескобар

Колумбиската влада ги стерилизира нилските коњи кои неочекувано се размножиле, а кои дошле од луксузниот имот Хациенда Наполис кој му припаѓал на нарко-босот Пабло Ескобар.

EPA-EFE

Ескобар нелегално увезувал егзотични животни за својата приватна зоолошка градина вклучувајќи ги таканаречените кокаински нилски коњи, за кои се смета дека се најголемото стадо нилски коњи надвор од Африка, пишува Би-би-си.

„Беше физички тешко да се преместат па властите ги оставија таму, веројатно мислејќи дека ќе угинат, но без предатори во Јужна Америка нилските коњи се размножиле“, кажа колумбискиот биолог Натали Кастелбланко.

Според експертите, нилските коњи почнале да се шират по еден од главните пловни патишта во земјата, реката Магдалена, а колумбиските еколози велат дека нилските коњи на Ескобар се инвазивен вид и дека ја потиснуваат домашната фауна.

Владата до сега стерилизирала 24 од над 80 нилски коњи од имотот на Ескобар, а повеќето животни од имотот се преместуваат во зоолошки градини низ Колумбија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе