Белоруската опозиционерка

Колесникова: Ми ставија ќесе преку глава, се закануваа дека ќе ме убијат

Белоруската опозициска политичарка Марија Колесникова тврди дека безбедносни службеници ѝ ставиле ќесе преку главата и дека ѝ се заканувале дека ќе ја убијат.

EPA-EFE

Сето ова се случило кога се обиделе насилно да ја депортираат во Украина претходно неделава, се наведува во соопштението кое денес го објави нејзиниот адвокат.

Колесникова наведе дека вистински се плашела за својот живот, пренесува Ројтерс.

„Особено беше истакнато дека ако доброволно не ја напуштам Република Белорусија, секако ќе ме протераат, жива или во делови. Имаше и закани дека ќе ме стават во затвор до 25 години“, тврди Колесникова.

Нејзиниот адвокат кажа дека Колесникова поднесува кривична пријава против белоруските власти, вклучувајќи ја тајната полиција КГБ.

Колесникова, истакната лидерка на протестите против повторниот избор на претседателот Александар Лукашенко, го спречила обидот да биде протерана од земјата со тоа што го искинала пасошот.

Таа во моментов е во притвор во Минск.

Колесникова е приведена поради сомнеж дека извршила предавство, во рамки на кривичната постапка која вклучува обид за преземање на власта, го цитира руската новинска агенција РИА нејзиниот адвокат.

Во понеделникот беше обвјавена неофицијална информација дека истакнатата опозиционерка исчезнала, односно дека маскирани лица ја грабнале со комби.

Информациите беа објавени по масовните протести против Лукашенко во Минск за време на викендот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе