сабота, 4 мај 2024

Американски борбен авион Ф-16 извршил лет под контрола на вештачка интелигенција

Американски борбен авион Ф-16 извршил пробен лет без човек пилот, под контрола на вештачка интелигенција, а на предното седиште седел секретарот на Американското воено воздухопловство (УСАФ) Френк Кендал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Летот бил спроведен вчера во базата на УСАФ во Калифорнија, каде се вежбата новата генерација на вештачка интелигенција, со план Соединетите Американски Држави да имаат флота од 1.000 борбени авиони со кои не управуваат луѓе до 2028 година, пренесува Асошиејтед прес. Кендал седел во леталото со кое управувала АИ за да покаже дека нема ризик, а подоцна кажа дека „безбедносен ризик“ е да се лета без АИ.

Авионот Ф-16, наречен „Виста“, под контрола на вештачката интелигенција, летал со брзина од околу 880 километри на час, изведувајќи маневри во трка со друг авион управуван од пилот. Кендал на крајот на летот изјавил дека би верувал во способностите АИ да одлучува дали ќе користи оружје во војна, но дека секогаш ќе има човечки надзор кога станува збор за употребата на оружје.

Развивањето флота под контрола на вештачка интелигенција е начин САД да се подготват за потенцијален конфликт со Кина, која работи на слична флота, но и да заштедат на високите цени на борбените авиони Ф-35 кои чинат околу 1,7 милиони долари. Авионот „Виста“ функционира така што најпрво учи врз основа на милиони податоци собрани во симулатор, по што ги тестира заклучоците во вистински лет.

Кина исто така има свои АИ авиони, но сè уште не ги тестира без симулатор. Вакви пробни летови имало повеќе од десет минатата година, а АИ учи толку брзо што веќе почнува да победува некои авиони со пилот. Пилотите кажале за АП дека се свени дека можеби ја тренираат својата замена, но дека не би сакале да се најдат на небото против противнички летала контролирани од АИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ