Кој е Виктор Бут, Русинот разменет за американската кошаркарка

Русинот Виктор Бут, кој во вчерашната размена на затвореници беше разменет за американската кошаркарка Бритни Грајнер, е познат како „трговец на смртта“, чија животна приказна го инспирира и Холивуд.

Фото: ЕПА

Озлогласениот шверцер на оружје со години им бегаше на американските власти, иако важеше за еден од најголемите непријатели на американската држава. Кога конечно беше фатен, Бут во американски суд беше осуден на 25 години затвор. Пресудата покажа дека овој Русин учествувал во заговор за убивање Американци, соработувал со терористи и им продавал оружје на колумбиските герилци, познати како ФАРК. Кремљ во 2012 година реагираше на пресудата изречена на Бут, велејќи дека таа е „неоснована и пристрасна“.

Бут со години беше на меѓународни потерници додека американските агенти не го уапсија во Тајланд во 2008 година. По неговата животна приказна беше снимен и холивудскиот филм „Господар на војната“, со Николас Кејџ во главната улога.

Во Америка се верува дека Бут бил офицер за време на Советскиот Сојуз и дека го искористил распадот на СССР за да шверцува советско оружје во Либерија, Сиера Леоне и Авганистан. Според американски извори, Бут не би можел да продава оружје во воените зони кога би ја немал помошта од Кремљ, па најверојатно работел за руската разузнавачка служба.

Според американските медиуми, Министерството за правда и Пентагон биле против ослободувањето на Виктор Бут бидејќи предвидуваат дека трговецот со оружје ќе ѝ се врати на својата стара „трговија“ и повторно ќе претставува закана за Америка и за нејзините сојузници.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе