Кој е Салман Ружди? Исламистите му се закануваат со години, но тој не се повлекува

Славниот книжевник Салман Ружди, кој за своите дела добивал награди и закани со смрт, е ранет денес со нож во Њујорк.

EPA-EFE

Неименуван напаѓач му забоде нож во вратот на сцена во Чаутаква, каде писателот требало да одржи предавање. Мотивите засега не се познати. Напаѓачот е уапсен, а Ружди е префрлен во болница во непозната состојба.

Полицијата соопшти дека во нападот е полесно повреден и водителот на настанот.

Книжевникот роден во Индија стана славен со романот Децата на полноќта од 1981 година кој само во Британија е продаден во милион примероци. Животот му го смени четвртата книга, Сатански стихови, од 1988 година.

Нереалниот, постмодерен роман предизвика гнев на исламскиот свет кој го смета за ерес. Една година по објавувањето поранешниот ирански врховен лидер, ајатолахот Рухола Хомеини повика на егзекуција на Ружди и за тоа понуди награда од три милиони долари. Поради тоа писателот со децении беше под полициска заштита.

Неколку десетици луѓе се убиени поради таа книга, меѓу нив и нејзини преведувачи. Наградата за убиство на Ружди и понатаму важи, иако иранската власт се дистанцираше од фатвата на Хомеини. Писателот, меѓутоа, во последните години живееше релативно слободно.

Ружди има британско и американско државјанство, голем заговорник е слободата на изразувањето и во повеќе наврати го бранеше своето дело.

Кога во 2007 година британската кралица Елизабета Втора го прогласи за витез, во Ирак и Пакистан избија протести. Еден пакистански министер тогаш кажа дека таквиот потег „ги оправдува самоубиствените напади“.

Книжевните настани на кои учествува Ружди добиваат закани или се бојкотирани од муслиманите. Ружди, син на богат индиски муслимански претприемач, се школувал во Англија и дипломирал историја на Кембриџ.

По студиите се вработил како пишувач на реклами во маркетиншката индустрија, пред да го објави првиот роман во 1975.

„Салман Ружди поради своите зборови беше мета со децении, но никогаш ниту трепна ниту се повлече“, се наведува во соопштението на американските писатели.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе