Коха: Изборите на Косово ќе бидат „борба на пиштоли против ружи“

Се очекува главните учесници на изборите на Косово да бидат, од една страна, партиите чии лидери се поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово (УЧК), а од другата – блокот партии предводени од онаа која се залагаше за мирен отпор во деведесеттите, истакнува приштинскиот весник Коха диторе.

Според аналитичарите се очекува победата во таканаречената „борба на пиштоли против ружи“ да ја однесат командантите на УЧК, додека движењето Самоопределување би можело да влијае врз резултатот на изборната трка бидејќи во своите редови има не само заговорници на војна и поддржувачи на мирот, туку и претставници на граѓанското општество, пишува весникот.

Истовремено, весникот Епока е ре, исто така повикувајќи се на мислења на неименувани аналитичари, истакнува дека партиите од „военото крило“ решиле да се здружат поради сопствените интереси, а не за интересите на Косово.

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе