Откако му се потсмеваа на самитот

„Кога вие би се соблекле, би било одвратно“, им одговори Путин на лидерите на Г7

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ги искоментира шегите на челниците на Г7 на негова сметка, односно на сметка на неговото соблекување до појас во различни прилики.

Фото: ЕПА

Лидерите на најмоќните земји во светот се потсмеваа со Путин прашувајќи се меѓусебно дали можеби и тие треба да се соблечат, како рускиот претседател.

„Не знам како сакаа да се соблечат, до појасот или над појасот, но мислам дека тоа би била одвратна глетка“, рече Путин, пренесува РИА.

Лидерот на Русија рече дека се согласува со зборовите на поетот Александар Пушкин „дека може да бидете разумна личност и да размислувате за убавината на ноктите“.

„Се согласувам со тоа. Сè на човекот треба да биде хармонично, и душата и телото. Но за да биде сè хармонично, мора да се откажете од прекумерното консумирање алкохол и други лоши навики, да се занимавате со вежбање и спорт“, додаде Путин.

Рускиот лидер истакна и дека ова не е најдобриот период во односите меѓу Русија и земјите од Г7.

Но веднаш потоа, тој се осврна на своите лични односи со лидерите на Г7.

„Лично ги познавам сите мои колеги. Сите тие се лидери, имаат карактер. Ако сакаат, ќе го постигнат потребниот успех, но треба да работат на себе“, рече Путин.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе