Лидерите на најмоќните земји во светот се потсмеваа со Путин прашувајќи се меѓусебно дали можеби и тие треба да се соблечат, како рускиот претседател.
„Не знам како сакаа да се соблечат, до појасот или над појасот, но мислам дека тоа би била одвратна глетка“, рече Путин, пренесува РИА.
Лидерот на Русија рече дека се согласува со зборовите на поетот Александар Пушкин „дека може да бидете разумна личност и да размислувате за убавината на ноктите“.
„Се согласувам со тоа. Сè на човекот треба да биде хармонично, и душата и телото. Но за да биде сè хармонично, мора да се откажете од прекумерното консумирање алкохол и други лоши навики, да се занимавате со вежбање и спорт“, додаде Путин.
Рускиот лидер истакна и дека ова не е најдобриот период во односите меѓу Русија и земјите од Г7.
Но веднаш потоа, тој се осврна на своите лични односи со лидерите на Г7.
„Лично ги познавам сите мои колеги. Сите тие се лидери, имаат карактер. Ако сакаат, ќе го постигнат потребниот успех, но треба да работат на себе“, рече Путин.